УНЕСКО ја вклучи Одеса на листата на светско наследство

Сподели со своите пријатели

УНЕСКО го додаде историскиот центар на украинскиот пристанишен град Одеса, кој често се опишува како „Бисер на Црното Море“, на списокот на светско наследство и покрај противењето на Русија.

Loading...

Дваесет и една земја-членка на Комитетот за светско наследство на телото за култура на ОН со шест гласа „за“, еден против и 14 воздржани одобриле регистрација на одредени области во градот, пренесува Фена.

Русија неколку пати се обиде да го одложи гласањето.

Спречување на уништување

„Додека војната продолжува, оваа одлука денес ја отелотворува нашата колективна определба да се осигураме дека овој град, кој отсекогаш ги пребродуваше глобалните немири, ќе биде спасен од понатамошно уништување“, рече генералниот директор на УНЕСКО Одри Азуле по одлуката, пренесува АФП.

Локалитетот исто така е додаден на списокот на светско наследство во опасност, за кој УНЕСКО вели дека „му дава пристап до зголемена техничка и финансиска меѓународна помош“ за заштита или, доколку е потребно, реставрација.

Во октомври, украинскиот претседател Володимир Зеленски официјално побара да се најде на списокот за да го заштити градот од руски воздушни напади.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.