Уметност или помодарство? Тетовирањето низ историјата

Сподели со своите пријатели

Во некои претходни времиња, тетоважите беа претежно синоним за сомнителни карактери, бајкери и морнари. Денес, тие се без никакви проблеми класифицирани како уметност и така сите ги претставуваат.

Loading...

За некој, тетоважите претставуваат животен стил, некои привремени, некои постојани, за некои украси, за други ритуал. Иако постојано се зборува за штетните ефекти на мастилата под кожата, тие доживуваат неверојатна експанзија.

Покрај тоа што служат како начин за украсување на телото, тетоважите се исто така начин за изразување и чување спомени.

УСПОРЕНА СНИМКА: Што се случува со вашето тело додека се тетовирате? (ВИДЕО)

Зборот „тетоважа“ потекнува од полинезискиот збор “та” – да се исцрта, да се исцртува и тахитскиот збор “татау” – да се означи нешто.

Тие се создаваат со нанесување на боја под кожата со игла.

Се верува дека првата тетоважа била направена случајно – лицето ја триело раната со валкана рака од пепел и кога раната била заздравена под кожата останала трајна трага или тетоважа.

Љубителите на тетоважи полудеа по нов тренд (ФОТО)

Loading...

Семјуел О’Рили, тату артист во Њујорк, го користел пенкалото за тетоважи на Едисон. Тој го прилагодил пенкалото на неговите потреби и го патентирал во 1891 година. Така се создаде првата машина за тетоважи, која користела сличен принцип како денешните машини.

Најстариот доказ за тетоважа е пронајден на таканаречениот „леден човек“, чие 5.200-годишно замрзнато тело е пронајдено во 1991 година. На неговото тело се пронајдени дури 57 тетоважи, а местата на кои ти се наоѓаат сугерираат дека „ледениот човек“ веројатно страдал од артритис, па затоа бил тетовиран од терапевтски причини.

Одамна се верува дека ритуалот за тетовирање започнал со тетовирањето на телото на жената.

ЧОВЕК СТРИП: Има 21 година, 40 операции и 150 тетоважи (ФОТО)

Примери за такви тетоважи биле неколку мумифицирани египетски женски тела кои датираат од 2.000 години пред нашата ера. Археолозите честопати оставаат зад себе такви примери на женски мумии, мислејќи дека се со понизок статус.

Како и да е, се покажа дека еден од нив, кој беше опишан како конкубина, е всушност Високиот свештеник на Амунет.

Покрај терапевтскиот ритуал, тетовирањето во Антички Египет, исто така, служело како амајлија за жените за време на тешките периоди, како што се бременоста и породувањето, и се тетовирле во подрачјата на абдоменот, бутовите и градите.

Што треба да знаете пред да се истетовирате?

Loading...

Во полинезиската култура, тетовирањето има големо историско значење и се смета за најфасцинантната вештина во античкиот свет.

Се верува дека „мааната“ на една личност, неговата или нејзината духовна моќ на животот, ја покажува тетоважата.

На Хаваи, тетоважите насочени кон зачувување на здравјето. Уметноста на тетовирањето се нарекува „какао“, па затоа е познато дека жените се тетовираат на рацете, прстите, зглобовите, а понекогаш и на јазикот.

Сакал романтична „Дизни“ тетоважа, но кога го видел резултатот прилично бил „изненаден“ (ФОТО)

Во Индија и Тајланд, тетоважите се исто така присутни за заштита, но жените се исклучени од ритуалот. Не само затоа што не смеат да ги допираат монасите, туку и затоа што Тајландците веруваа дека жената е доволно силна и не треба дополнителна заштита.

Ескимките ја тетовираат кожата на лицето, поточно нивните брада, за да го искажат својот брачен статус и припадност на група и групниот идентитет.

Жените Маори исто така правеле тетоважи низ целото лице – најчесто тие биле тетоважи околу носот и усните, а тетоважите се користеле за да се забави стареењето на кожата и брчките.

Сакала да има уникатна тетоважа, но многу зажалила (фото)

Loading...

Покрај тоа што се тетовираат, жените биле и инспирација за создавање тетоважи. Морнарите често носеле сувенири за тетоважи од нивните патувања (срце, цвеќиња, сирени) и најчестиот мотив на припадниците на морнарицата во Втората светска војна биле пин-ап девојки.

За да се елиминира лошата репутација на тетоважите и тату артистите, направени се емисии во Америка кои следат неколку уметници за тетоважи, нивните приказни и искуства, како и причините зошто луѓето одлучуваат да одат на тетовирање.

Leave a Reply