Украинската војска погоди фабрика за авиони и складиште за нафта

Сподели со своите пријатели

Украинските одбранбени сили по вторпат за една недела го погодија магацинот за нафта Лискинск во руската област Воронеж и ја оштетија инфраструктурата на авијацискиот комплекс Смоленск, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Loading...

Беспилотните летала на силите за специјални операции на вооружените сили на Украина во текот на ноќта по втор пат во една недела го погодија магацинот за нафта Лискинск во регионот Воронеж.

„Како резултат на ударот, извршен во соработка со другите компоненти на одбранбените сили на Украина, горат танкери со гориво и мазива, кои ги снабдуваат руските војници“, се вели во соопштението на украинскиот Генералштаб на Фејсбук.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите тврдат дека Украинците преместуваат групи чешки и канадски платеници во Курск

Се забележува дека складиштето за нафта припаѓа на една од најголемите руски државни корпорации Роснефт.

Покрај тоа, силите за беспилотни системи и силите за специјални операции на вооружените сили на Украина ја нападнаа инфраструктурата на воздухопловната фабрика во Смоленск во регионот на Смоленск, каде што се произведуваат борбени авиони.

На територијата на фабриката за авиони се регистрирани експлозии, се додава во соопштението, пренесува Укринформ.

Гувернерот на регионот Воронеж, Александар Гушев, денеска соопшти дека нов пожар избувнал во складиште за нафта во областа Лискински во регионот Воронеж, како последица на падот на неколку дронови.

„Опремата за воздушна одбрана и електронско војување на должност во областа Лискински откри, уништи и онеспособи неколку беспилотни летала. Како резултат на падот на еден од беспилотните летала на територијата на складиштето за нафта, избувна нов пожар“, напиша тој на Телеграм, пренесе Интерфакс.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тревога во Варшава: Руски воен авион навлезе во полскиот воздушен простор

Гусев рече дека нема жртви во нападот на украинските сили. „Пожарникарите и итните служби ќе продолжат да се борат со пожарот штом тоа е безбедно“, додаде тој.

Руските медиуми претходно објавија дека избувнал пожар во складиште за нафта поради напад на украинско беспилотно летало на 16 јануари.

Тогаш, според гувернерот, територијата на три окрузи на регионот Воронеж била нападната од повеќе од десет беспилотни летала, од кои повеќето погодиле складиште за нафта, пренесува Танјуг.