Украинец открил руски бази користејќи апликација за следење слушалки

Сподели со своите пријатели

Со помош на апликација, Украинец ги открил своите AirPods украдени од руски војници од неговата куќа во Хостомел.

Loading...

Украинец успеал да го следи прераспоредувањето на руските воени сили на истокот од земјата благодарение на безжичните слушалки кои му биле украдени од неговата куќа во близина на Киев, пишува Тајмс.

 

Милионер близок до Кремљ пронајден мртов во својот луксузен стан: Застрелани сопругата Јелена и ќерката

 

Виталиј Семенет ја користел апликацијата „Find My“ достапна на производите на Apple за да го следи движењето на украдените AirPods преку Bluetooth.

Безжичните слушалки биле украдени од Хостомел, на околу 20 километри од Киев, на почетокот на инвазијата кога руските сили се обидувале да го заземат главниот град.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сè за ракетите што ја соборија германската влада: Можат да ја погодат и Москва!

Кога руските трупи се повлекле од Киев овој месец, Семенец ги пронашол неговите слушалки додека Русите ја преминувале границата со Белорусија, па се нашле во близина на градот Гомел.

Loading...

 

Лавров за Зеленски: Многу зборува, во зависност од тоа што пие или пуши (ВИДЕО)

 

Минатата недела неговите AirPods пристигнале во Белгород, град во Русија каде претседателот Владимир Путин ги собира своите војници за да го нападне Донбас.

Семенет ги објави најновите податоци за движењето на своите AirPods на својата страница на Инстаграм, иако малку е веројатно дека некогаш ќе ги добие назад.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Vitaliy Semenets (@vitaliysemenets)

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Собрани над 700.000 потписи за номинација на Лукашенко за претседател

Апликацијата Find Me може да ги следи уредите поврзани на интернет или доволно блиску до други уреди за да се поврзат преку Bluetooth.

„Благодарение на технологијата, знам каде се моите AirPods сега. Ги украдоа руски борци од мојата куќа во Хостомел“, рече тој.

Имаше многу извештаи за руски војници кои ограбуваат вредна стока од домовите на Украина, велат експертите, што е знак на неорганизираност и недостаток на дисциплина од страна на руските сили.

 

Москва го ограничи пристапот до веб-страницата на Хјуман рајтс воч

 

Фотографиите од надзорните камери, кои се појавија овој месец, покажуваат руски војници во белоруската пошта како обвиткуваат машини за перење, лаптопи и електрични скутери за да им ги испратат на нивните семејства во Москва, Омск, Улјановск и Новосибирск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Јужна Кореја би можела да ја зголеми поддршката за Украина поради помошта на Северна Кореја за Русија

Вкупно 16 руски војници наводно испратиле околу два тона стока

Loading...

Во повикот кој бил пресретнат и објавен од Службата за безбедност на Украина, рускиот војник добил „шопинг листа“ од роднина кој сакал лаптоп, патики и облека.

 

Милионер близок до Кремљ пронајден мртов во својот луксузен стан: Застрелани сопругата Јелена и ќерката

 

Во друг случај, беше објавено дека во Ирпин бил убиен војник откако го заменил својот оклоп од кевлар за лаптоп Macbook.