Службата за безбедност на Украина (СБУ) објави видео од Виктор Медведчук, кој минатата недела беше приведен во Украина.
Медведчук им се обрати на претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски и Владимир Путин, барајќи да биде разменет за борците од Мариупол кои се предале или биле заробени од Русија.
„Јас, Виктор Владимирович Медведчук, сакам да им се обратам на претседателот на Русија Владимир Путин и на претседателот на Украина Володимир Зеленски со барање украинската страна да ме размени за бранителите на Мариупол и жителите“, рече Медведчук, пренесува „Известија“.
Многу лажни информации за војната во Украина: Како да знаете што е вистина, а што пропаганда?
На 16 април сопругата на Виктор Медведчук, Оксана, му се обрати на претседателот на Руската Федерација со барање за помош за ослободување на нејзиниот сопруг.
Медведчук беше уапсен на 12 април, во акција организирана од СБУ. Како што подоцна објави украинската страна, најбогатиот човек во Украина бил фатен на периферијата на регионот Киев во момент кога се обидувал да побегне, односно пред Федералната служба на Русија (ФСБ) да треба да го премине Придњестровје (делови од соседна Молдавија која еднострано прогласи независност ) да го префрли во Москва.
Украинскиот претседател понуди размена на Медведчук со руската страна, но Кремљ ја отфрли таа идеја.
11.000 војници ќе учесвуваат на Парадата на победата во Москва оваа година
„Кога станува збор за размената што ја споменуваат различни личности во Киев со толку страст и задоволство, Медведчук не е руски државјанин, тој нема никаква врска со специјалната воена операција (во Украина), тој е странски политичар“, рече портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков.
Украинските власти на 12 април објавија дека го уапсиле Виктор Медведчук (67), проруски пратеник од Украина и бизнисмен кој бил во бегство од почетокот на руската офанзива.
Медведчук беше ставен во домашен притвор во мај 2021 година, кога беше обвинет за градење и обид за кражба на природните ресурси на Крим, украинскиот полуостров што Русија го анектираше во 2014 година.
Исчезна по почетокот на руската офанзива додека не беа објавени информациите за негово апсење.
Медведчук беше вториот најбогат човек во Украина во 2021 година со 620 милиони долари, според магазинот Форбс, а познат е и по врските со Путин, кој е кум на неговите ќерки.