Украинците ја обвинуваат Русија за одмазднички напад

Сподели со своите пријатели

Украина ги обвини руските сили за напад на цивилна инфраструктура како одговор на брзата офанзива на украинските трупи за време на викендот, што ја принуди Русија да го напушти главниот бастион во регионот Харков.

Loading...

Украинските власти соопштија дека целите на одмаздничките напади биле објекти за вода и термоцентрала во Харков и предизвикале широки прекини на електричната енергија.

„Нема воени објекти, целта е да се лишат луѓето од светлина и топлина“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер доцна во неделата.

Нападите ги осуди и американската амбасадорка во Украина, Бриџит Бринк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

„Очигледниот одговор на Русија на ослободувањето на градовите и селата на истокот од Украина: испраќање проектили во обид да се уништи критичната цивилна инфраструктура“, напиша Бринк на Твитер.

Москва негира дека нејзините сили намерно гаѓаат цивили.

Зеленски ја опиша офанзивата на Украина на североисток како потенцијален пробив во шестмесечната војна и рече дека зимата може да донесе дополнителни територијални придобивки доколку Киев добие посилно оружје.

Во најлошиот пораз за московските сили откако беа потиснати од предградието на главниот град Киев во март, илјадници руски војници оставија зад себе муниција и опрема додека бегаа од градот Изиум, кој го користеа како логистички центар.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Главниот командант на Украина, генерал Валериј Залужњи, изјави дека вооружените сили ја вратиле контролата на повеќе од 3.000 квадратни километри од почетокот на овој месец.

Речиси целосниот молк на Москва за поразот, или какво било објаснување за она што се случи во североисточна Украина, предизвика значителен гнев кај некои провоени коментатори и руските националисти на социјалните мрежи, пишува Ројтерс.

Некои го повикаа претседателот Владимир Путин во неделата да направи итни промени за да обезбеди конечна победа во војната.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.