Украинците го планирале упадот во Курск со помош на Западот, тврдат Русите

Сподели со своите пријатели

Украинскиот упад во руската област Курск бил подготвен со помош на американски, британски и полски разузнавачки служби, пишува утрово весникот „Известија“, повикувајќи се на руски разузнавачки служби.

Loading...

Украина го започна нападот на споменатиот руски регион на 6 август, а Русија нема доживеано слична инвазија на нејзината територија од Втората светска војна.

Со оваа акција Киев сака да создаде тампон зона и да ја исцрпи руската воена машина.

„Операцијата на украинските вооружени сили во областа Курск беше подготвена со помош на разузнавачките служби на СиАД, Обединетото Кралство и Полска“, пишува „Известија“, повикувајќи се на Руската служба за надворешно разузнавање.

САД претходно објавија дека немале сознанија за плановите на Украина

„Единиците вклучени во операцијата беа подложени на координативни вежби во центрите за обука во Обединетото Кралство и Германија“, додава рускиот весник.

Надворешната разузнавачка служба тврди дека зад нивните наводи стојат „веродостојни информации“, но не доставиле конкретни докази.

Белата куќа претходно објави дека САД немаат сознанија за плановите на Украина за воен упад во Курск.

Додека Русија продолжува да напредува во источна Украина, Киев во вторникот соопшти дека украинските сили зазеле 1.263 квадратни километри од територијата на Курск, која опфаќа вкупно 93 населени места. Ројтерс се обидува да ја утврди точноста на овие бројки.

Loading...