Украина: Заменик-градоначалникот на Херсон во притвор, осомничен за соработка со Русија

Сподели со своите пријатели

Украинското Државно истражно биро (ДИБ) објави дека го привело заменик-градоначалникот на Херсон под обвинение за соработка со Русија.

Loading...

Весникот „Украинска правда“ го идентификуваше уапсениот како Владимир Пепел.

Службениците на ДИБ, во тесна соработка со обвинителите, го приведоа заменик-градоначалникот Херсон.

„Тој е обвинет за колаборационизам“, соопшти бирото на „Телеграм“.

Како што јави ТАСС, на уапсениот му се заканува затворска казна до 12 години доколку биде прогласен за виновен.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.