Украина: За 24 часа ослободени уште 20 населени места

Сподели со своите пријатели

Украинскиот Генералштаб денеска на Фејсбук објави дека украинската армија во претходните 24 часа успеала да го избрка непријателот од повеќе од 20 населени места.

Loading...

Непријателот се фокусира на воспоставување контрола над територијата на регионот Доњецк и попречување на нападите на украинските војници во одредени области.

Непријателот продолжи да ги напаѓа украинските позиции од воздух и презема мерки за враќање на изгубеното“, соопшти Генералштабот, пренесе Танјуг.

Се додава дека останува заканата од воздушни и ракетни напади врз Украина, со додавање дека претходниот ден непријателот истрелал 18 проектили и извршил 39 воздушни напади врз цивилни објекти низ Украина, во кои биле оштетени повеќе од 30 места, вклучувајќи го и Краматорск, Днипро, Павлохрад…

Се известува и дека руските сили извршиле уште еден „терористички чин“ – со проектили ја нападнале термоцентралата Харков, што предизвикало недостиг на електрична енергија во одредени региони.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.