Украина: Кремљ е исцрпен

Сподели со своите пријатели

Николај Патрушев, претседател на рускиот Совет за безбедност и еден од најмоќните сојузници на претседателот Владимир Путин, вчера пристигна во Иран.

Loading...

Американскиот одбранбен и безбедносен тинк-тенк Институт за проучување на војната (ISW) објави дека Патрушев најверојатно ќе се обиде да договори набавка на балистички ракети, кои на Русија и се потребни за војната во Украина.

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, на Твитер го коментираше денешното заминување на Патрушев во Техеран.

„Кремљ е исцрпен. Ресурсите на Руската Федерација се при крај. Затоа има хистерични барања за пауза („преговори“). Оттука и посетата на Патрушев на Техеран: тие бараат начини да ја продолжат војната, да набават проектили / дронови, да се реши проблемот со недостигот на ракети. Сега е совршен момент да се удвои помошта за Украина“, најави Подољак.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендиран рускиот свештеник кој одржа комеморација за Навални

 


Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.