Украина ја обвини Русија дека го гаѓа Енергодар

Сподели со своите пријатели

Украинските власти денеска ја обвинија Русија дека извршила артилериски напади врз Енергодар, градот во кој се наоѓа нуклеарната централа Запорожје, на денот кога таму требаше да пристигне мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Loading...

„Русите вршат артилериски напади на рутата по која мора да оди мисијата на МААЕ до електраната Запорожје“, која беше окупирана од Русите, изјави на Телеграм градоначалникот на овој град во егзил Дмитро Орлов.

Тој рече дека делегацијата не може „да го продолжи патувањето од безбедносни причини“.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, сепак, рече дека мисијата во Запорожје продолжува и покрај извештаите за бомбардирање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.