Украина го нападна најголемиот руски нафтен терминал на Балтичкото Море

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта, Украина го нападна најголемиот руски нафтен терминал на Балтичкото Море, во Санкт Петербург, и воен објект во рускиот Тамбовски регион, објавија руските медиуми.

Според локалниот весник „Бумага“, експлозиите се слушнале во Адмиралскиот, Василеостровскиот, Приморскиот и Красноселскиот округ на Санкт Петербург.

Во Кировскиот округ, нападот предизвикал пожар на нафтениот терминал во Санкт Петербург, најголемиот руски комплекс за претовар на нафта на Балтичкото Море, објави „Москва денес“.

Има капацитет на проток од 12,5 милиони тони годишно и вклучува 21 резервоар за складирање на нафтени производи.

Градот Мичуринск во рускиот Тамбовски регион исто така бил нападнат во текот на изминатата ноќ, кога биле оштетени станбена зграда, библиотека и уметничко училиште, како и помошни згради на индустриско претпријатие, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку седум лица загинаа, а 10 се повредени во напад на украински дрон врз автобус во Донецк