Под влијание на многу топла воздушна маса со потекло од Африканскиот континент во следните денови во нашата земја ќе се задржи стабилно, суво и многу топло време за овој период од годината, предупредуваат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи.
Најтопло ќе биде в недела и во првите два дена од наредната седмица кога максималните дневни температури ќе бидат значително над просечните и ќе достигнат вредности од 25 до 32 степена.