Дваесет и пет лица се здобиле со изгореници откако оделе по загреан јаглен како дел од тим билдинг на северот на Швајцарија.
Половина од повредените, односно 13 од нив, се примени во болница со тешки изгореници кои ги добиле при овој „ритуал“. На приватниот настан дошле дури десет амбулантни возила.
Како што подоцна било утврдено, група луѓе оделе по загреан јаглен неколку метри откако почувствувале болка. Сè уште не е целосно јасно дали проблемот е во начинот на кој чекореле по јагленот, или во начинот на кој е поставен.
Официјалните лица отвориле истрага и собрале докази од местото на настанот, а сето тоа се случило на полуостровот Ау, јужно од Цирих.
Одење по врел јаглен, често познато како „одење на оган“, понекогаш се практикува за мотивациски или хуманитарни цели. По тој повод учесниците одат боси по загреан јаглен, а во многу делови од светот се користи како „почетен обред“ или некаков тест.