Под мотото “Од семче до дрвце”, граѓанското здружение “Ден на дрвото – засади ја својата иднина!” денеска организира промотивно засадување семе од ела по повод 17. акција “Ден на дрвото – засади ја својата иднина!”.
Осмооделенците од ООУ „Крсте Мисирков“ со засадување семенски материјал од ела се приклучија на акцијата, но за разлика од минатата година кога тоа го правеа во дворот на училиштето, годинава семињата ги засадиле во домашни услови.
Материјалот го дадовме на учениците од осмо одделение, така да денеска дадовме дома да го направат тоа во домашни услови, ланската година кога засадувавме во дворот на училиштето не ни успеа, најверојатно семето не било како што треба, така да оваа година тоа го направивме дома им дадовме на учениците и се надеваме дека оваа година ќе биде успешна – изјави Снежана Јовановска, наставник по биологија и хемија при ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово.
Како што истакна Јовановска целта е да се промовира идејата за здрава и чиста еколошка средина.
Тоа е една мотивација, да се развие еколошката свест кај учениците, да засадуваат и да знаат дека самите растенија се услов за живот, бидејќи истото тоа е реализирано во наставната програма што тие ја имаат во учебниците – додава наставничката Снежана Јовановска.
Идејата е да се учениците од сите основни училишта и децата од големите групи во градинките насекаде во Македонија да се дружат и да разиваат одговорност, еко – свест, екопатриотизам и еко – култура.