Учениците и полицијата во заедничка акција за поголема будност во сообраќајот (видео)

Сподели со своите пријатели

По повод одбележувањето на ”Недела на безбедност на пешаците во сообраќајот”, Отсек за превенција при СВР Куманово во соработка со ученици кои се покажаа како најдобри на натпреварот ”Детски семафор”, денес низ улиците на градот делеа флаери како сообраќајна поука за поголема будност при премин на пешачки премин и учество во сообраќај.

Loading...

 

Учениците од ОУ ”Толи Зордумис”, ОУ ” Браќа Миладиновци” и ОУ ”Јероним Дерада” од с. Черкези, делеа флаери и делуваа советодавно кон возачите за намалување на брзината во близина на училишта преку проект кој се спроведува во соработка со Републички Совет за безбедност на патишта, односно Општинскиот Совет за безбедност на сообраќај на патишта.

Почитувајте ги правилата кога возите во близина на нашето училиште, вели Матеја Зафировска, ученичка од ОУ ”Браќа Миладиновци”, учесник во денешната кампања.

Учениците покажаа одлични знаења на натпреварот ” Детски семафор” и спремни се да се вклучат во сообраќајот со помош на велосипед, вели Љубиша Петковски, наставник по Техничко образование во ОУ ”Толи Зордумис”.

– Ваквите натпревари всушност покажаа дека имаат големо влијание за подигнување на сообраќајната свест кај учениците и секоја година наидуваме на се` поголем одзив, вели Петковски.

СВР Куманово преку Отсекот за превенција и Општинскиот Совет за безбедност на патишта, од 14 до 31 април спроведува засилени мерки за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот, вели Виолета Богдановска, раководител на Отсек за превенција.

Loading...

– Целта на денешната акција е да се стави акцент на сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи и осознавање на фактот дека и пешаците се дел од сообраќајот, вели Богдановска.

Според статистичките податоци на МВР, во 2014 година, на патиштата загинале седум додека 21 сообраќајна незгода била предизвикана токму од пешаците. Минатата година, СВР Куманово на сообраќајна поука повикале над 600 учесници во сообраќајот.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *