Ученици од разни етнички заедници го прославија празникот Велигден

Сподели со своите пријатели

По повод големиот христијански празник Велигден денес во организација на Секторот за превенција при СВР Куманово, во Основното училиште ”11 Октомври”, петта година по ред, се одржа заедничка прослава како дел од проектот “Безбедни училишта”, во координација на мисијата на ОБСЕ.  Заедно со ОУ „Јероним Де Рада„ од село Черкезе, учениците од двете училишта подготвија заедничка приредба на која учениците изведоа музички, ритмички и драмски точки.

Loading...

Според Тања Тодоровска, наставник по музичко образование и координаторот на денешната приредба, повод за приредбата е заедничко прославување на православниот верски празник Велигден:

Нашите ученици подготвија седум точки, од кои неколку ритмички, драматизација на текст, настап на училишниот оркестар и мало хорче. Повод за оваа приредба беше Велигденскиот празник и ние ја имавме таа чест кај нас да се падне приредбата, вели Тодоровска.

DSC_0183-1024x683

Со оглед дека денеска се прославуваше празник кој го слават православните верници, пред присутните ученици и гости говореше Отец Игор Здравковски од Кумановско-осоговска епархија.

Секој силен , поробувач кога ќе се соочува со смртта станува слаб. А Христос беше слаб, од луѓе исмејуван, предаден. Во моментот на смртта покажа сила, иако беше човек, со човечка природа без грев. Таа природа беше исполнета со божествена природа, а рековме дека Бог е живот. Кога ќе дојде Велигден да се потсетиме дека Бог пред се е љубов, не е тиранин кој само ни дава заповеди, вели Здравковски.

Виолета Богдановска, раководител на  Сектор за превенција објасни дека заедничката прослава на верските празници е со цел децата од мали, да се учат на толеранција, да ги запознаат другите и да немаат предрасуди.

Преку учество во овој проект се дава пример на младите за тоа како треба да растат и живеат заедно во слога, мир, без насилство и предрасуди. Во духот на традицијата денес на маса имаме подготвено многу убави јадења, шарени јајца кои се симбол на Велигден. Иако сме различни, ние сепак можеме да живееме заедно, вели Богдановска.

Следната прослава на верски празник за учениците ќе биде во с. Слупчане, Општина Липково каде ќе се одбележи празникот Бајрам, додека во пресрет на празникот Ѓурѓовден, ќе биде остварена посета на ромската населба Средорек.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *