Ученици од „Крсте Мисирков“ со одлични резултати од натпреварот во Словенија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Трето место во фудбал и четврто место во севкупен пласман освоија учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово на Меѓународните спортски игри за одделенска настава ,,Жогарија 2024″ во Блед, Словенија.

Loading...

 

 

Тие одличниот пласман го остварија во конкуренција на осум основни училишта од Европа.

 

 

Loading...

– Мали по возраста, но достоинството ја претставија Македонија, Општина Куманово и училиштето „Крсте Мисирков“, напиша претседателката на Советот Ивана Ѓоѓриевска.

 

 

Учениците се натпреваруваа под менторство на нивните наставници Филип Колевски и Југослав Спасиќ.

 

 

Loading...

 

 

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско