Уапсен кумановец, откако полицијата дома му пронашла пиротехника

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишник од Куманово бил приведен вчера откако полицијата дома му пронашла пиротехнички средства.

– На 29.09.2026 во 10:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово извршија претрес по судска наредба во домот на И.Т. ( 55) од село Табановце, кумановско, при што биле пронајдени пиротехнички средства, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Апел до граѓаните за заштита од џебни кражби при зголемена фреквенција по пазарите (ФОТО)