Турската полиција уапси двајца опозициски новинари во утринските рации

Сподели со своите пријатели

Турската полиција уапси двајца опозициски новинари во утринските рации во Истанбул, како дел од истрагата за наводни закани и изнуда, се вели во судски документ што го видел Ројтерс.

Loading...

Тимур Сојкан и Мурат Агирел, кои се познати по нивното истражувачко известување и критикување на владините политики и институции, и двајцата работат за ТВ каналот Халк, кој ја критикува владата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Кривичниот суд во Истанбул одобри налог за претрес и заплена, со кој се овозможува одземање и испитување на дигитални уреди, вклучувајќи компјутери, хард дискови и мобилни телефони.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Порторико доживеа ненадеен прекин на струја

Одлуката е донесена на барање на Основното јавно обвинителство на Истанбул, кое води истрага според кривичниот законик за „закани“ и „изнуда“.

Сојкан и Агире, автори на неколку книги за наводните врски меѓу мафијата и државните институции, веќе се соочија со правен притисок за нивните извештаи, пренесува Танјуг.