Турска поп ѕвезда уапсена поради шега за верските училишта

Сподели со своите пријатели

Турската поп-пејачка Ѓулсен е уапсена поради „поттикнување омраза и непријателство“ и поради шега на сметка на турските верски училишта.

Loading...

46-годишната пејачка, чие целосно име е Ѓулсен Чолакоглу, беше однесена од нејзиниот дом прво на сослушување во Истанбул, а потоа и официјално уапсена, а ќе остане во затвор до судењето.

Апсењето предизвика контроверзии на социјалните мрежи.

На концертот во Истанбул во април, Ѓулсен изјави дека „перверзијата“ на еден од нејзините музичари се должи на тоа што тој одел во верско училиште.

Неодамна таа снимка од концертот почна да кружи на социјалните мрежи со хаштаг кој повикува на нејзино апсење.

Ѓулсен се извини за навредата, но рече дека нејзиниот коментар го искористиле оние кои сакаат да ја продлабочат поларизацијата во земјата.

За време на испрашувањето, таа ги отфрли обвинувањата за поттикнување омраза и непријателство, велејќи им на судските власти дека има „најголема почит за вредностите и чувствителноста“ на нејзината земја.

Барањето да се ослободи од притвор во очекување на судењето беше одбиено.

Loading...