Турк: ОН се против присилното преселување на Палестинците од Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации се против насилното раселување на Палестинците од Појасот Газа, што е исто така забрането со меѓународното право, изјави високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк.

Loading...

Анексијата на окупираниот Западен Брег или присилната евакуација од Појасот Газа „може да ги загрози мирот и безбедноста на Палестинците и Израелците, како и на регионот“, предупреди Турк.

„Мораме да се спротивставиме на секое нормализирање на незаконските ставови“, додаде тој.

Турк ги повика Израел и Хамас „целосно“ да го спроведат јануарскиот договор за прекин на огнот, како и да започнат преговори за втората фаза од прекинот на огнот, пишува Swiss Info.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рамафоса: Сакам да го решам спорот со Трамп за тужбата за геноцид против Израел

Високиот комесар на ОН ги повтори барањата за ослободување на сите израелски заложници и палестински затвореници.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно предложи Палестинците да се преселат од Појасот Газа, кој, според неговиот план, ќе го преземат САД и ќе го претворат во „ривиера на Блискиот Исток“, пренесува Танјуг.