Турската полиција и разузнавањето уапсија оперативец на Исламска држава, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган синоќа го идентификуваше заробениот оперативец како Башар Хатаб Газал Ал Сумејдаи и дека е познат по името Абу Зеид.
Претседателот рече дека бил уапсен врз основа на разузнавачки информации дека илегално ќе влезе во Турција, но не кажа кога била извршена операцијата.
Loading...
Абу Зеид е уапсен во заедничка акција на полицијата и разузнавачката агенција откако ги следеле неговите врски во Сирија и Истанбул, пренесува Бета.