УХМР со најава за врнежи, ветер и заладување

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен ветер претежно од северен правец (над 40 km/h), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од сабота дневната температура ќе биде во опаѓање.

Потоа до средината на следната седмица следува релативно стабилно и посвежо време.

Денеска низ Македонија ќе имаме сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановскиот ракометар Јован Даневски ја продолжи кариерата во Германија

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 35 степени.

Никола Ивановски