Три знаци кои покажуваат дека сте патолошки љубоморна

Сподели со своите пријатели

Љубомората која полека прераснува во патологија, една е од најголемите причини за раскинувањето. Минималната доза на љубомора знае да биде симпатична, но сериозните љубоморни испади се нешто, што секому од нас му изгледа како вишок. Љубомората не е доказ за љубовта и многу тешко ќе го сочува вашиот однос. Таа всушност единствено може да биде повод за крајот на вашата врска.

Loading...

Постојат јасни знаци дека дури иако некогаш тоа не сте биле, сега сте станале премногу љубоморна личност.

1. Ве интересира телефонот на партнерот

Ја мерите секоја минута од телефонскиот разговор, ги следите социјалните мрежи во чекор, а особено ве интересира со кого разменувате толку пораки. Ова се јасни знаци дека сте премногу љубоморна и посесивна личност. Доколку и вие користите телефон, за комуникација со пријатлеите и семејството, без задни намери, зошто тоа исто не би можело и вашиот партнер.

2. Недоверливи сте кон неговите другарки

Секогаш кога вашиот апртнер ќе ве запознае со својата другарка или коешка од работа, полни сте со недоверба. Се фокусирате на секој детал во нивниот однос. Кога ќе останете сами со своето момче, ќе му поставите многу прашања за таа личнос, за да сфатите колку навистина сте блиски. Наместо да се занимавате со неважни работи, потрудете се да работите на својата самодоверба.

3. Му пребарувате низ работите

Му ги проверувате џебовите, мејлот, мобилниот телефон. Како можете да бидете со личност во која толку немате доверба? Можеби за тоа не сте свесни, но доколку така продолжите, однсоот нависитна ќе ви биде во неволја.

Loading...

Вашиот партнер навистина заслужува доверба и личност со која ќе има здрав однос. Потрудете се да се исконтролирате, затоа што навистина не сакате да си дозволите да станете личност која не може да влијае на своите испади и која секојдневно се гуши себе и личноста која ја сака.

Leave a Reply