Три улични атлетски трки по повод 500 години Куманово

Сподели со своите пријатели

Уличната трка и годинава ќе биде организирана како спортска традиција на Куманово, а е во рамките на програмата за одбележување на 500-годишнината на градот.

Loading...

Организатори на манифестацијата се Атлетски клуб „Куманово“, заедно со Атлетската Федерација на РСМ и Општинскиот сојуз на спортови.

Но, годинава за прв пат ќе има три трки, кои ќе бидат различни по возраст и категорија и сите ќе започнат пред олимписката чешма.

Првата трка започнува веќе напладне во 12 часот, истата е од ревилајен карактер, а на неа учество ќе земат околу 100 ученици од основните училишта.

– Сите ученици што ќе учествуваат ќе добијат маица, благодарница, едноставно нема да има прогласување на најдобар. Се надеваме ќе настапат што повеќе националности, ученици со посебни потреби, ментори со нив, да го постигнеме оној ефект на дружба по тоа ќе продолжиме на плоштад, ќе има  манифестација од забавен карактер со танцови точки, музика една кратка програма-истакна тренерот на Атлетскиот клуб, Филип Колевски.

Ученици од основните и средните училишта во 12:30 часот ќе ја започнат натпреварувачката трка, а веќе половина час подоцна ќе се одржи главната сениорска категорија.

– Ќе имаме категории од шесто до деветто одделение и средни училишта,  машка и женска посебно, најдобрите ќе ги прогласиме со дипломи и медали односно најдобрите три од секоја трка.  Во 13 часот ќе започне главната трка во машка и женска конкуренција во сениорска категорија која е од отворен карактер, ќе настапуваат атлетските клубови од државата, ќе видиме засега немаме пријавено можеби ќе има и од надвор од другите држави и таа ќе се трча во кружен тек машките трчаат пет километри или три кругови околу центарот а женските ќе трчаат два круга односно три километри и 200 метри и за нив ќе има прогласување и парични награди. Прогласувањето ќе се врши од 13 и 30 до 14 часот за сите најдобри – истакна Колевски.

Организаторите се надеваат дека кумановци ќе покажат интерес за оваа спортска манифестација и со тоа ќе придонесат за уште позначајно одбележување на празникот.

Loading...

Leave a Reply