Три локации во Куманово се ставаат на располагање за евентуален карантин

Сподели со своите пријатели

Три локации за евентуален карантин во Куманово се оставаат на располагање на Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување и надлежните институции.

Loading...

Штабот, како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски побарал од државата на располагање 100 монтажни кревети и паравани за адаптација на простор кој би се користел за евентуални карантински потреби во општината.

– Не значи дека во моментот имаме потреба, но мора да бидеме подготвени за да се соочиме со овој проблем доколку се појави. Согласно акциониот план за делување ние на распоалгање на држават имаме ставено три капацитети за крантин. Едниот е Ученички дом „Професор Мијалковиќ“ кој има опремени соби, целиот е дезинфициранн и запечатен и се става во функција на општински штаб за заштита и спасување. Вториот е Занаетчиски дом кој поседува простор кој може да биде уреден со паравни и легала кој може да прими капацитети и има мини кујна за прехрана и санитарни јазли. Треитот најголем капацитет е Спортска сала кој дополнително може да се преуреди и користи, рече градоначалникот Димитриевски на денешната вонредна седница.

Засега, како што потврди и првиот човек на општината, во Куманово нема заболено лице од Ковид 19, но мора да бидат подготвени сите капацитети за навремено менаџирање на кризата.

Никола Ивановски

Leave a Reply