Три лица загинаа, а 17 се повредени, меѓу кои и едно дете, во рускиот напад на Криви Рог.
Како што пренесува Укринформ, ова на Фејсбук го објави шефот на регионалната воена управа на Дњепропетровск, Сергеј Лисак.
Според него, во текот на ноќта итните служби го извлекле телото на третата жртва од под урнатините на зградата која била уништена од ракетата.
Во нападот беа оштетени две катни згради, 10 приватни куќи, три административни згради, една образовна институција и автомобили.
Како што рече Лисак, Русите со ракетниот систем „Град“ и тешка артилерија го гаѓале Никополскиот округ и го погодиле Никопол и населбата Покровск.
Таму се оштетени две индустриски претпријатија, а нема повредени цивили, јавува Танјуг.