Три деца и една мајка загинаа во рускиот напад на украинскиот Кривји Рих

Сподели со своите пријатели

Во рускиот ракетен напад врз Криви Рих доцна во понеделникот загинаа мајка и нејзините три деца, објави во вторникот гувернерот на овој град во централна Украина, Олександр Вилкул.

Loading...

Телата на четири жртви беа извлечени од урнатините од спасувачки тим откако балистичка ракета погоди петкатница во градот.

Во меѓувреме, напад на украинско беспилотно летало запали складиште за гориво во Стари Оскол, град во руската област Белгород, на околу 100 километри од украинската граница.

Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на Телеграм изјави дека нема извештаи за жртви.

Во исто време, руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 13 украински беспилотни летала, од кои девет во Белгород, два во Брјанск и два во областа Курск.