Во паркот на Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце на 17ти јуни ќе се организира по трет пат добро познатиот фестивал „Пикник у Пелинце“.
– На манифестацијата ќе настапат повеќе имиња од регионот како: Sobek, Kristijan Molnar, Lerr, Iner Sense, Rea ME.N.U. и уште многу други.
Програмата, која покрај музика, ќе има и културни активности, ќе ја надополнат и македонските диџеи: Flooder, Dado K & Mamli, Deeplantic, Darko Ripple, Impluse, Marko Di, Simonovski, Djarto, Dyad, Dna, Dzulija, Syncloud, Fildzi, Sydex.
Музичката програма ќе трае скоро цел ден почнувајќи од 12:00 напалдне.
На настанот ќе има чил зона и камп зона каде ќе може да се постават шатори, а ќе иима и обезбедено место за купување на пијалаци и храна.
Влезот за сите заинтересирани е бесплатен.
Како наговестување за она што може да се очекува може да погледнете vo видеото во продолжение.