Трас: Мојата мисија ќе биде потикнување нов раст на британската економија

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за премиер на Велика Британија Лиз Трас изјави дека клучната мисија на нејзината влада ќе биде заживување на економијата, а постави и голем број мерки за помош на делови од северна Англија.

Loading...

Економските перформанси на Велика Британија заостануваат зад САД, Италија и Франција кога станува збор за закрепнување од пандемијата на коронавирус.

Економијата се очекува да влезе во продолжен пад на крајот на годината во услови на зголемена инфлација и каматни стапки.

Намалување на економската нееднаквост

– Клучната мисија на мојата влада ќе биде повторно да го стимулира растот на нашата економија и да ги намали даноците за да стави повеќе пари во џебовите на вредните луѓе – рече Трас.

Премиерот во заминување Борис Џонсон изјави дека намалувањето на регионалната економска нееднаквост е негова главна цел.

Сепак, јавната потрошувачка на северот на Англија заостанува зад националниот просек во првите две години од неговата влада, според истражувањето на Институтот за истражување на јавна политика.

Трас рече дека е посветена на целта на актуелната влада за намалување на економската нееднаквост, но ќе го стори тоа на конзервативен начин, што се толкува како фокусирање на даночните намалувања и дерегулацијата.

Поголема децентрализација

Говорејќи пред петочната изборна кампања во Манчестер, северна Англија, Трас вети дека ќе обезбеди поголема деволуција за да им се овозможи на посиромашните области да ги добијат многу потребните владини средства.

Loading...

Таа вети и изградба на два нови стручни факултети во северна Англија, кои ќе бидат стручен еквивалент на Оксфорд и Кембриџ, наречени „Воксбриџ“.

Трас се претстави како радикален бунтовник кој ќе ја собори сегашната неуспешна ортодоксија и предлага да се поништат даночните зголемувања за повеќе од 30 милијарди фунти.