Трамп: Зеленски спиеше кога требаше да се сретне со нашиот министер за финансии

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини својот украински колега Володимир Зеленски за несоодветно однесување за време на минатонеделната посета на американскиот министер за финансии Скот Бесент.

Loading...

Трамп: Зеленски спиеше кога требаше да се сретне со нашиот министер за финансии

„Скот Бесент всушност отиде во Украина и тие се однесуваа лошо со него затоа што во основа рекоа „не“, а Зеленски спиеше и не можеше да се сретне со него. Бесент отиде таму да потпише документ и се врати со празни раце. Тие не сакаа да го потпишат документот“, рече Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вегански култ во Америка поврзан со серија убиства. Ги предводи трансродова жена.

Бесент се сретна со Зеленски во Киев на 12 февруари и му го претстави нацртот на украинско-американскиот договор за минерали, пренесе Интерфакс.

Зеленски синоќа ги отфрли барањата на САД за 500 милијарди долари (479,23 милијарди евра) минерали од Украина за да може Вашингтон да продолжи да обезбедува воена помош за Киев, велејќи дека САД досега не доставиле ни приближно таа сума и не понудиле конкретни безбедносни гаранции во договорот, што може да биде причина за обвинувањата на Трамп против украинскиот лидер.