Трамп за судирот на авион и хеликоптер го обвинува застарениот американски систем за контрола на летање

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини застарениот систем за контрола на воздушниот сообраќај за судирот меѓу патнички авион и воен хеликоптер минатата недела.

Loading...

Трамп на еден настан рече дека тој ден се случиле „многу пропусти“ и посочи дека американскиот систем за контрола на воздушниот сообраќај е застарен, пренесе АП.

Според Трамп, САД потрошиле милијарди долари „обновувајќи го стариот, расипан систем“ наместо да инвестираат во целосно нов.

„Она што се случи е неверојатно“, рече Трамп за време на говорот на Националната молитвена церемонија во Капитол.

Тој најави дека САД ќе развијат нов, модернизиран компјутерски систем за контролни кули.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Трамп нема официјален план за завршување на војната, подготвен сум за разговори

Судирот се случи на 29-ти јануари кога авион на Американ Ерлајнс од Вичита, Канзас, беше на пат да слета на националниот аеродром Роналд Реган Вашингтон.

Никој не ја преживеа несреќата.

Федералната управа за авијација (FAA) го спроведува планот наречен „NextGen“ за подобрување на системите за контрола на воздушниот сообраќај од средината на 2000-тите, кој беше инициран поради загриженоста за зголемен метеж на воздушниот сообраќај.

Loading...

Иако извештајот на ФАА по несреќата покажува дека контролорот добил сигнал за приближувањето на авионот и хеликоптерот кога биле оддалечени повеќе од една милја, истражителите сега ја проверуваат точната височина на двете возила.

Засега нема нови информации, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Властите на Алјаска трагаат по исчезнатиот патнички авион со 10 луѓе во него