Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин да го „закочат“ мировниот договор со Украина.
„Мислам дека Русија сака да стави крај на тоа, но тие можеби се одолговлекуваат“, рече Трамп во интервју за Newsmax во вторникот, додавајќи дека тој самиот „го правел тоа со години“ за време на неговата деловна кариера.
Тој рече дека верува оти Русија сè уште би сакала да заврши конфликтот во Украина и дека и украинскиот претседател Владимир Зеленски би сакал војната да заврши во овој момент.
Трамп за време на интервјуто особено го истакна фактот дека во просек секоја недела се убиваат вкупно 2.500 војници од двете страни и дека, без разлика што „не се Американци“, тој самиот сака конфликтот да заврши што е можно поскоро.