Трамп нареди реструктуирање на американската надворешна служба во согласност со неговата агенда

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп издаде извршна наредба со која му се наложува на американскиот државен секретар Марко Рубио да ја реструктуира службата за надворешни работи за да обезбеди „верно и ефективно спроведување“ на надворешната политика на Трамп, објави Ројтерс.

Loading...

Трамп во наредбата вели дека ги прави промените за да се осигура дека надворешната политика на САД е усогласена со неговата политика „Америка на прво место“.

Трамп, исто така, повеќе пати ветуваше дека ќе ги отпушти бирократите што ги смета за нелојални, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европските берзи на рекордно ниво по разговорите Трамп - Путин