Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави и кандидат на претстојните претседателски избори во ноември, Доналд Трамп, го најави лансирањето на новата платформа за криптовалути „World Liberty Financial“.
Трамп на социјалната мрежа Х ги покани своите следбеници на презентацијата на крипто проектот, која ќе се одржи на 16 септември во осум часот навечер по локално време, а преносот во овој дел од Европа ќе започне на 17 септември во два часот по полноќ.
Презентацијата ќе се одржи во резиденцијата на Трамп во Флорида, Мар-а-Лаго, а заинтересираните ќе можат да ја следат преку аудио платформата X Spaces, пренесува порталот Verge.
Ја поздравуваме крипто иднината и ги напуштаме бавните и застарени услуги на големите банки, рече Трамп во кратката покана на мрежата X.