Трамп ја смени одлуката на Бајден да ја отстрани Куба од листата на држави спонзори на тероризмот

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп ја смени одлуката на администрацијата на Бајден за отстранување на Куба од американската листа на држави спонзори на тероризмот, објави Белата куќа.

Loading...

Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден донесе одлука на 14 јануари да ја отстрани Куба од американската листа на држави спонзори на тероризмот.

Во замена за таа одлука, Куба се согласи да ослободи повеќе од 500 затвореници од своите затвори.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел одлуката на Трамп ја нарече „чин на потсмев и злоупотреба“, објави Ројтерс.

Куба, која секогаш одбиваше да го поддржува тероризмот, почна да ослободува мал број затвореници, но по одлуката на Трамп не е јасно дали ослободувањата ќе продолжат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп вели дека има намера да се сретне со Путин што е можно поскоро

По неговата инаугурација, Трамп потпиша извршна наредба со која се поништуваат 78 извршни одлуки на Бајден.