Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа веќе започнатата конгресна расправа со демократите во врска со новиот пакет економска помош во време на пандемија на Ковид-19. Тој соопшти дека расправата ќе продолжи по ноемвриските претседателски избори.
– Им наложив на моите застапници во Претставничкиот дом да ги откажат преговорите до завршувањето на претседателските избори. Веднаш откако ќе победам, ќе донесеме закон за финансиска помош на вредните американски работници и малите претприемачи, напиша Трам на Твитер по излегувањето од воената болница „Волтер Рид“.
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, демократката Ненси Пелоси оцени дека одлуката на Трамп да се повлече од преговорите покажала дека тој нема волја да го победи коронавирусот, а бројот на новозаразени во САД секојдневно се зголемува.
Габриела Точко