Трамп: Бајден и Камала Харис ја водат Америка кон Трета светска војна

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп, оцени дека администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, особено кандидатката на демократите Камала Харис, ја води Америка кон Трета светска војна.

Loading...

„Кој преговара за нас на Блискиот Исток? Бомбите паѓаат насекаде. Заспаниот Џо (Бајден) спие на плажа во Калифорнија, прогонет од демократите, а неговата пријателка Камала (Харис) е на турнеја со автобус со Тампон Тим (Вице претседателскиот кандидат Тим ​​Валц), нејзиниот навистина лош избор за потпретседател. Да не ја имаме третата светска војна, затоа што таму одиме“, напиша Трамп на мрежата Х.

Изјавите на Трамп доаѓаат во време на ескалација на Блискиот Исток.

Израел во неделата изврши серија воздушни напади врз цели на Хезболах во јужен Либан, велејќи дека нападите се превентивен потег за да се спречи Хезболах да лансира ракети и проектили кон централен Израел.

Хезболах, пак, објави дека во првата фаза од нападот врз Израел истрелал 230 проектили на северот на таа земја, како одговор на атентатот на високиот командант на Хезболах Фуад Шукр на 30 јули во Бејрут.