Во Португалија започна годинешниот карневал,познат по политичката сатира, а на улиците во градот Торес Ведрас можат да се видат фигури од ајкули со ликовите на претседателите на Русија и САД, Владимит Пурин и Доналд Трамп, но и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Loading...
Главите со ликот на Путин и Ким прицврстени се за тело на ајкули кои држат ножеви и вилушки, а во центарот на градот е изложена фигура со ликот на германската канцеларка Ангела меркел, која е претставена како сирена, пренсува Ројтерс.
Трамп, меѓу другото, прикажан е и како фигура која седи на ВЦ школка во форма на планетата Земја, а зад него е гневната фигура на Ким Џонг Ун која држи ракета.
Loading...
Илјадници луѓе покрај дождот излегле да се придружат на парадата и да се забавуваат на улиците во Торес Ведрас, кои секоја година се затвораат пораид петдневната прослава на која организаторите, како велат, очекуваат 350.000 луѓе.
Овогодинешната тема на карневалот се бранови и океани.
Loading...