Кумановските ракометарки Мила Трајковиќ и Јована Кипријановска настапија за јуниорската репрезентација на Македонија каде се сретнаа со ракометарките на Босна и Херцеговина во два подготвителни натпревари за ЕХФ шампионатот во Литванија.
Loading...
Првиот натпревар Македонија го доби со 26:32, а на мечот Кипријановска имаше извонредни шест погодоци, додека Трајковиќ реализираше еден гол.
Во вториот натпревар Македонија исто така освои победа со резултат 28:30, а свои минути на паркетот имаа и двете кумановки.