Трагедија во Занзибар: Осум деца и жена починаа откако јаделе месо од желка

Сподели со своите пријатели

Страшна трагедија на Занзибар, осум деца и една жена се отруле од месото од желка што го консумирале на тој остров, по што починале, јавува Sky News.

Loading...

Локалните власти известија дека уште 78 лица се хоспитализирани поради консумирање месо од желка, кое се смета за деликатес на тој остров.

Јадењето месо од контаминирани желки може да предизвика хелонитоксизам, ретка и фатална форма на труење со храна. Не постои лек за овој вид на труење.

Портпаролот на здравствената служба на областа Мкоани, Хаџи Бакари, изјави дека сите затруени минатиот вторник консумирале месо од желка, а жената која починала во петокот била мајка на дете кое исто така починало поради труење неколку дена претходно.

Локалните власти во Занзибар, полуавтономна провинција Танзанија, испратија кризен тим на островот на чело со Хамза Хасан Џума, кој апелираше до луѓето да не јадат месо од желка под никакви околности.

Сличен случај беше забележан во ноември 2021 година. Тригодишно дете и шест возрасни починаа на Пемба откако јадеа месо од желка. Уште три лица потоа завршија во болница.

Симптомите на хелонитоксикоза варираат, но вклучуваат гадење, повраќање и рани во грлото и устата.

Во тешки случаи, пациентите може да страдаат од мускулна слабост, делумна парализа и возбуда, а некои може дури и да паднат во кома.

Loading...