Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ утре ќе го посетат Граничниот премин Табановце.
Loading...
Како што информираат од македонското МВР, посетата е во рамки на кампањата „Вози одморен“.
– Утре, четврток (25.07.2024) во 12.00 часот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска и потпреседателот на Владата за Р. Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ заедно со в.д. директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот Душко Пешиќ, ќе го посетат граничниот премин Табановце во рамки на кампањата „Вози одморен“, стои во соопштението на МВР.
Никола Ивановски