Топлотниот бран во Европа е резултат на глобалното затоплување

Сподели со своите пријатели

Топлотниот бран кој во јули ја зафати Западна Европа со рекордно високи температури бил поинтензивен поради климатските промени кои човкот ги предизивкал, велат научниците.

Loading...

Во студија на тим европски научници се укажува на низа докази дека глобалното затоплување кое го создал човекот, е одговторно за последниот топлотен бран во Европа.

Научниците анвеле дека топлотниот бран би бил од 1,5 до три степени целзиусови послаб доколку би ги немало климатските промени.

Тие тврдат дека топлотниот бран каков што бил, може да се случи на секои 50 до 100 години поради глобалното затоплување. Додале дека без влијанието на човекот врз климата, таков топлотен бран веројатно би се случувал почесто, еднаш во околу 1.000 години.

Научниците предупредуле дека доколку ништо не се направи, рекордните 42 степени кои се регистрирани неодамна, лесно ќе надминат и 45 степени целсзиусови до 2050 година.

Leave a Reply