Студија во која учествувале 2.000 жени покажа дека жените најчесто почнуваат да ги изневеруваат своите сопрузи по три години брак, а еве ги причините.
Како најчеста причина за неверство, жените наведуваат досада во спалната соба, а дека коронавирусот дури и се замешал во љубовниот живот, говори фактот дека втората најчеста причина – „се оддалечивме за време на карантинот“.
Иван сакаше да ѝ се одмазди на девојката поради неверство, но тоа скапо ја чинеше (ВИДЕО)
Истражувањето е спроведено од страна на страници за наоѓање љубовник, а третата најчеста причина што ја наведуваат жените е повторно зближување со некои од поранешните момчиња преку социјалните мрежи, а следната причина е што тие се менуваат како лица, карактерно.
Во првите пет изговори за изневерување се најде оној кој е можеби најмизерен – „Бев пијана“.
Кога станува збор за причините зошто мажите изневеруваат, нивната главна причина е недостатокот на секс во бракот.
Дали неверството ја јакне врската?
На второ место е досадата во спалната соба, а во одлуката за прељуба игра улога и нивното мислење дека се премногу млади за да ја скратат.
Врските за една вечер се на четврто место, и се чини дека ако вашиот партнер има другар што ја изневерува својата сопруга, поголеми се шансите и тој да го стори истото.
Имено, петтата најчеста причина за изневерување е токму тоа – пријател ја изневерува својата сопруга, па ајде, да не ја пропуштам забавата.
4 хороскопски знаци најподложни на неверство
Оваа студија покажа дека жените обично изневеруваат по три до три и пол години брак или врска, а слично е и со мажите – тие во просек издржуваат да бидат верни во врска три години и десет месеци.