Тинејџерка од Русија на Инстаграм ја критикуваше војната во Украина, ѝ се заканува затвор

Сподели со своите пријатели

Руските власти ја ставија Олесија Кривцова на списокот на терористи и екстремисти, заедно со ИСИС и талибанците, бидејќи објави статус на Инстаграм за експлозијата на мостот на Крим, при што ја критикуваше инвазијата на Украина.

Loading...

19-годишната девојка од руската област Архангелск сега има тетоважа против Путин на глуждот и уред кој го следи секој нејзин чекор, кој мора да го носи додека е во домашен притвор во Северодвинск.

Таа беше обвинета поради објави на социјалните мрежи за кои властите велат дека ја дискредитираат руската војска и го оправдуваат тероризмот.

Нејзе ѝ е забранет пристап на интернет и користење други форми на комуникација.

„Будала треба да се испрати на бојното поле“

Адвокатот на тинејџерката, Алексеј Кичин, изјави за Си-Ен-Ен дека ѝ се заканува затворска казна до три години за дискредитација на армијата и до седум години за оправдување тероризам.

Сепак, тој додаде дека се надева дека ќе добие само парична казна.

Локалниот лидер на Комунистичката партија, Александар Новиков, јавно ја исмејуваше Кривцова на државната телевизија, нарекувајќи ја будала која треба да биде испратена во првите редови за да може да им „гледа во очи“ на руските војници.

Ова не е прв пат тинејџерот да има проблеми со надлежните. Минатиот мај, против неа беше поднесена административна пријава за дискредитација на руската армија додека делела антивоени плакати.

Loading...

Работите станаа посериозни кога таа беше обвинета за истата активност на социјалните мрежи во октомври.

Според нејзиниот адвокат, повторувањето на кривично дело од истиот член станува кривична постапка.

Мајка: Затворениците одат во војна, а децата во затвор

„Таа има силно чувство за правда, што ѝ го отежнува животот. Зборувањето сега е голем грев во Руската Федерација“, изјави нејзината мајка за Си-Ен-Ен.

Според Наталија Кривчова, полицијата на 26 декември упаднала во станот во кој живеела нејзината ќерка со сопругот Иља, ги принудила да легнат со лицето на земја и наводно им се заканувала со чекан.

Олешја била многу исплашена бидејќи видела видео каде со таков предмет е убиен затвореник.

„Земјата има некои чудни политики: затворениците одат во војна, а децата во затвор“, вели мајката на тинејџерката.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.