Кумановец ги нападнал сестрата и таткото, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец физички ги нападнал своите татко и сестра, по што полицијата го привела.

– На 01.11.2026 во 18:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.М.(36) од кумановско село затоа што физички ги нападнал неговиот татко и сестра, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре овие делови од Куманово