Неделна прогноза за Куманово: Продолжува дождот, утринските ќе одат во минус

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²).

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу седмиот степен, а максималната дневна во текот на денот ќе се искачи до 13 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово со фуриозен почеток до убедлива победа против Кожув (ГАЛЕРИЈА)

 

 

И утре низ кумановско ќе се задржи облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 6 до максимални 9 степени целзиусови.

Во среда врнежите се очекува да престанат, но ќе се задржи облачното време и слабиот до умерен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу шестиот степен, а максималната дневна ќе се искачи до 10 степени целзиусови.

Четврток носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу четвртиот степен, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 11 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре овие делови од Куманово

 

 

Сончево време може да очекуваме дури во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови се очекува да падне еден степен под нулата, а максимумот ќе се искачи до 12 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максимумот во текот на денот ќе достигне 12 степени целзиусови.

Недела носи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 1 до максимални 12 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ГФК Куманово со победа од 3:1 против Козјак

 

 

Нови врнежи од дожд се очекуваат следната работна недела.

Никола Ивановски