Приведен 28-годишник од Куманово, возел без дозвола

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишник од Куманово бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека возел иако не поседувал возачка дозвола.

– На 01.11.2026 во 11:10 часот во село Долно Којнаре, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.М.(28) од Куманово, информираат од Секторто за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека возилото го управува без возачка дозвола.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре овие делови од Куманово

Никола Ивановски