Тинејџери од Германија се тепале во Куманово, сите приведени

Сподели со своите пријатели

Четворица тинејџери од Германија, од кои едниот малолетен, биле приведени вчера во Куманово по меѓусебна физичка пресметка.

Loading...

– На 18.08.2024 во 04.20 часот, полициски службеници од  СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Г.(20), А.А.(18), М.С.(20) и еден малолетник, сите од Сојузна Република Германија, затоа што пред угостителски објект во село Проевце, кумановско, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен Косовец кој шверцал мигранти низ кумановско

Никола Ивановски